Одбраната на екс-министерот за економија, Сараќини тврди дека лиценцата од 2012 била за друг објект, а не за „Пулс“

t

Со воведни зборови на одбраната во судницата во Идризово денеска продолжи судскиот процес за трагедијата во „Пулс“.

Одбрана на Ваљон Сараќини

Тука сме затоа што веруваме во судот, веруваме во правда и чувствуваме должност да ја обелодениме вистината и да докажеме дека обвиненеито против Сараќини е правно, фактички и логички неиздржано.

За нас како одбрана постои само едно едноставно прашање, а тоа е „за што е обвинет поранешниот министер за економија која во 2012 година воопшто не била издадена лиценца за објектот каде 13 години подоцна се случил пожарот?“.

Во 2012 во Министерство за економија издадена е лиценца за различна локација од локацијата на која се случил пожарот. Тоа ќе се презентира и со вештачењето, ќе се докаже дека се работи за два сосема различни објекти и различно правно лице.

Не фрапираше креативниот пристап на јавното обвинителство во воведниот говор конструиран за задоволување на јавноста, притоа избегнати се клучни факти. Прашање е дали со ова обвинение ЈО сака нова неправда и нови жртви? ЈО ја избегна вистината, Министерството за економија во 2012 не издало лиценца за обејктот за кој денес зборуваме. Оваа клучна околност е суштинска.

Различна адреса, различен објект, различен субјект беше целосно прмолчена во говорот на обвинителството. ЈО ја игнорира законската рамка и надлежностите на министерот за економија. ЈО се обидува со општа формулација да утврди одговорност, притоа ниакде не може да се забележи во што се состојат елементите на криивчното дело.

ЈО сака да претстави дека министерот за економија во 2012 со тоа што издал лиценца за друг објект предизвикал општа опасност после 13 години. ЈО го гради случајот врз основа на две невистини, прво врз основа на две невистини, прво дека издадената лиценца во 2012 и 2025 годикна се за исти објекти, а судот ќе утврди дека тоа не е така. Зборуваме за различни објекти.

Второ, дека Министерот во 2012 година имал надлежности да се постапи поинаку, надлежноста е формална постапка регулирана со Закон.

Потенцирам, во 2012 година МЕ не издало лиценци за објектот каде после 13 години се случи пожарот, Како е можно тогашниот министер да гарантира и да одговара за друг обејкт после 13 години? Од ваквата апсурдност несомнено можат да се извлечат многу паралели.

Ниту по време, ниту по место ниту по субјекти постои каква било врска меѓу оваа лиценца од 2012 година и трагичниот настан од 2025 година. За кава каузалност зборуваме овде? За лиценца која има важност од една година, за објект кој нема активна и важечка лиценца. Министерството за економија, иако тоа законот не го обврзува, се обратиле до ДПИ и побарале да се произнесат дали обејтктот за кој е поднесено барање според нив ги исполнува условите, по известувањето на ДПИ дека објектот не ги исполнува условиоте, Министерството го одбива барањето за лиценца.

Каде тука има грешка?

ЈО го занемарува фактот дека не постои ограничување за барателот повторно да поснесе барање, по второто барање ДПИ го известило Министерството дека се исполнети условите, па МЕ единствено што можело да направи е да ја издаде лиценцата.

Дали Сараќини требало 13 години по издавањето на лцинцата која важи една година и не е за истиот објект, да спречи внесување на пиротехника во објектот? По кој закон е тоа предвидено? Оваа теза на ЈО не може да опстои, нема поткрепа. Објектот каде се случи пожарот не е истиот објект од 2012 година. Двата објекта имаат различна локација, архитектура, реконструкција, различно правно лице, различна дејност.

Дури и да постоела лиценца во 2012 година дискотеката пак би функционирала незаконски. Сите велат дека вие почитувани судии сте пред многу тешка задача, во конкретниот случај што се однесува до Ваљон Сараќини, мислам дека ќе имате лесна задача, потребно е само да ги изанализирате одредбите од законот кои упатуваат на надлежностите на министерот во поглед на издавањето на лиценцата. Потребно е само да се применат одредбите и на крајот да се донесе законита одлука, наведе бранителот, по што се обрати и бранителката Поповски Буловски:

Во текот на оваа постапка одбраната во целост ќе ги опсори тезите на ЈО за поврзаност на Сарќини со трагедијата. Нашата цел е да докажеме дека Сараќини нема било каква вина во однос на трагичниот настан, но најмногу од се сакаме правда за оние невини животи кои ги снема во Пулс.

Правда е и да не бидат осудени оние кои немаат вина за настанувањето на тграгедијата, туку да се идентификуваат вистинските сторители, по што ги повторо фактите кои ги изнесе другиот бранител и заврши:

Се надевам дека овој судски совет ќе испорача правда.

На обвинителна клупа седнаа 37 обвинети – 34 физички и три правни лица, меѓу кои сопственици, управители, инспектори, поранешни градоначалници, обезбедување и државни службеници. Тие се товарат за тешки дела против општата сигурност поради пропусти што директно довеле до трагедијата.

Паралелно со главниот процес, тече и посебна постапка против полициски службеници за давање лажни уверувања и дозволување на работа на дискотеката без исполнети минимално-технички и безбедносни услови. Изминатата недела Обвинителството отвори постапка и против група вработени во УЈП осомничени за мито и злоупотреби поврзани со истиот случај.

Процесот го води судечки совет чиј претседател е судијката Диана Груевска Илиевска.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Одбраната на екс-министерот за економија, Сараќини тврди…

Со воведни зборови на одбраната во судницата…

„Имал службени дописи до неговите надредени и…

Одбрана на Љупчо Грнчиштанов Судот не е…

„Трагедијата во Пулс не е настаната поради…

Со воведни зборови на одбраната во судницата…

„Неможно е да е виновен“: Одбраната на…

Со воведни зборови на одбраната во судницата…

Одбраната на Џафероски: „Да не дозволиме неправедно…

Со воведни зборови на одбраната во судницата…