Одземени 7.107 парчиња пиротехнички средства на скопски Бит Пазар
Во акциска контрола за сузбивање на нелегална продажба на пиротехника се одземени 7.107 парчиња пиротехнички средства на скопски Бит Пазар, следува соодветна пријава, соопшти МВР.
Денеска (08.12.2025) полициски службеници, на влезот на Бит Пазар, пронајдоа 7.107 парчиња пиротехнички средства, кои биле поставени на три импровизирани тезги.
Пиротехничките средства се одземени и се преземаат мерки за пронаоѓање на лицата кои ги продавале, по што ќе биде поднесена соодветна пријава.
„И во наредниот период МВР ќе продолжи со преземање на мерки и активности за спречување на нелегалната трговија со пиротехника. Апелираме до граѓаните доколку забележат лица кои продаваат пиротехнички средства, да пријават во полициска станица или на телефонските броеви 112 и 192“, се наведува во соопштението.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Одземени 7.107 парчиња пиротехнички средства на скопски…
Во акциска контрола за сузбивање на нелегална…
Зеленски во Лондон и Брисел на средби…
Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска пристигна во…
Пожарникарите од Кавадарци спасија куче од водите…
Куче било спасено синоќа од страна на…
Холандија вети дополнителни 700 милиони евра воена…
Холандската влада објави дека ќе издвои дополнителни…
Орбан: Темни облаци над Европа – Брисел…
Европската Унија планира да ја прифати Украина…