Одземено „порше“ – приведен возач од Србија кој возел со 188 km/h
Полициски службеници синоќа привеле српски државјанин кој со „порше“ возел 188 километри на час на автопатот Куманово – Скопје, кај клучката „Рафинерија“.
Приведен е Б.С.(30) од Република Србија бидејќи возел со недозволена брзина.
– При контрола во патниот сообраќај, извршена со радар, полициските службеници сопреле патничко моторно возило „порше“ со српски регистарски ознаки, управувано од Б.С. (30). По извршеното мерење било констатирано дека возачот се движел со брзина од 188 километри на час, на делница каде што со сообраќаен знак максимално дозволената брзина е ограничена на 100 километри на час – соопшти МВР.
Поради сторениот прекршок, возилото е одземено, лицето е приведено и задржано во полициска станица за понатамошна постапка.
– Управувањето со моторни возила со брзина поголема од пропишаната претставува една од главните причини за случување сообраќајни незгоди, кои често резултираат со тешки последици по здравјето и животот на граѓаните, наведуваат од МВР.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
63-годишник возел со 2,04 промили алкохол во…
Рано утрово во Кичево полицијата го приведе…
Татко и син учествувале во нелегални трки,…
Двајца мажи, за кои се верува дека…
Косовец со швајцарска дозвола и „Порше“ летал…
На 14.03.2024 од 20.00 до 22.00 часот,…
19 годишен возач од Скопје излета со…
Денеска (26.11.2023) во 03.25 часот било пријавено…
Ако зборувате на телефон додека возите е…
Дејан Стевиќ, потполковник од Управата на српската…