Одложен стартот на судењето за злоупотреби во РЕК Битола и Марковски
Во Основниот суд во Струга денеска не започна судењето за злоупотреби во РЕК Битола во висина од 1,7 милиони евра.
На обвинителна клупа требаше да седнат сопственикот на „Марковски компани“, Борче Марковски, директори во РЕК Битола и вработени во двете фирми. Вкупно осум физички и едно правно лице се обвинети за злоупотреби во јавните набавки, со што, според обвинението, го оштетиле комбинатот за околу 1,7 милиони евра.
Судењето беше одложено бидејќи еден од обвинетите го сменил адвокатот, па тој побарал разумен рок да се запознае со обвинителниот акт. Почетокот на судењето е закажано за 2 септември.
Според обвинението, поранешните раководни лица во РЕК Битола, меѓу кои и тогашниот генерален директор Пеце Матевски, во 2023 година ја злоупотребиле службената положба при спроведување постапка за јавна набавка за дислокација на погонски станици од рудникот „Осломеј“ кон РЕК Битола. Обвинителството тврди дека со поставување ограничувачки услови била овозможена постапка во која се јавила само една фирма, која го добила тендерот вреден околу 106,2 милиони денари со ДДВ. Според обвинението, биле доставувани невистинити документи за наводно извршени работи, иако опремата останала неинсталирана.
Во рамки на истрагата, на Борче Марковски му беа запленети пари, злато, и дел од неговиот имот.
Тој два месеца беше во притвор, а во јануари со гаранција од 5 милиони евра во недвижен имот и возилапртивото му беше заменет со мерки на претпазливост.
Основното јавно обвинителство Битола во јануари поднесе обвинителен акт, кој беше одобрен од Основниот суд Битола, но предметот беше префрлен во Основниот суд Струга, откако сите судии во Битола се изземаа поради претходно учество во постапката.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Одложен стартот на судењето за злоупотреби во…
Во Основниот суд во Струга денеска не …
Драма во Велес: Уапсен 18-годишник, ја држел…
Утрово во 03:40 часот во Велес, полициски…
Филипче: Загрозен е Вториот пензиски столб –…
Претседателот на СДСМ Венко Филипче, на денешната…
Активни се три пожари низ Македонија: Во…
На територијата на државата до 14:30 часот…
Апасиев смета дека Тошковски има криминален ум,…
Власта и опозицијата повторно ги судрија копјата…