Одобрени обвинителните акти за полициски службеници поврзани со пожарот во Кочани и предметот за ИПАРД

t

Советот за оценка на обвинителен акт, при Основниот кривичен суд Скопје, постапувајќи во оцена на два обвинителни акт поднесени од Основното обвинителство за гонење организиран криминал и корупција, по одржани седници и ценејќи ги фактите и доказите во двете обвиненија донесе решенија со кои:

Обвинителниот акт со КОК – ооа 4/26, против 13 полициски службеници кои се товарат дека сториле кривично дело – Тешки дела против општата сигурност, поврзани со пожарот кој на 16 март 2025 година се случи во објектот „Пулс“ во Кочани, се одобрува во целост.

Воедно и обвинителниот акт со КОК – ооа 5/26 , против 5 физички лица за различни кривични дела и тоа Давање поткуп, Давање награда за противзаконито влијание, Примање награда за противзаконито влијание и Примање поткуп, во чиј склоп е и обвинителен предлог против 4 други физички и 1 правно лице, а поврзани со користење средства преку ИПАРД програмата.

Врз основа на двата, веќе одобрени обвинителни акти, формирани се кривично правни предмети и тоа КОК бр. 4/26 поврзан со пожарот во Кочани, и КОК бр. 5/26 поврзан со ИПАРД програмата кои предмети согласно АКМИС – системот ќе бидат распределени на понатамошно постапување кај надлежни судии, а откако ќе биде насрочени главна расправи по конкретните предмети, термините ќе бидат достапни преку Календарот за судење на веб страната на судот.

Со почит Основен кривичен суд Скопје.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Одобрени обвинителните акти за полициски службеници поврзани…

Советот за оценка на обвинителен акт, при…

Родителите на починатите од Кочани: Придружете ни…

Од Здружението на граѓани 16ти март повикуваат…

Кривична пријава за инспектор од Кочани за…

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и…

Фалсификувале исправи, издавале лажни испратници – Кривична…

Кривична пријава против пет лица за неосвесно…

Пожар во Трговскиот центар во Кочани –…

Доскорешниот в.д. градоначалник на општина Кочани –…