Окриени десет килограми кокаин во автомобил

t

Во координирана акција на Основното јавно обвинителство Скопје и Министерството за внатрешни работи, во текот на вчерашниот ден беа откриени 10 килограми наркотична дрога кокаин со висока чистота, скриени во автомобил БМВ X5 со скопски регистарски ознаки.

Автомобилот бил сопрен во селото Горно Количани, по што јавниот обвинител од судија на претходна постапка обезбеди наредба за детален претрес и во импровизиран бункер во подвозјето на возилото беше пронајдена дрогата.

Основното јавно обвинителство Скопје поведе истражна постапка против 26-годишникот  кој го управувал автомобилот за кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик. За осомничениот ќе биде предложена мерка притвор поради опасност од бегство, можност за влијание врз сведоци и соучесници, како и веројатност да продолжи да врши кривични дела.

Бидејќи станува збор за големо количество дрога, јавниот обвинител издава повеќе наредби со цел испитување на потеклото на кокаинот и неговата крајна дестинација, како и можни други инволвирани лица.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Окриени десет килограми кокаин во автомобил

Во координирана акција на Основното јавно обвинителство…

Запленети илјадници парчиња пиротехника во Скопје и…

Полицијата во две одделни акции на подрачјето…

Млади Романци ограбиле златара во Скопје

На 30.12.2025 во 12:10 часот во трговски…

Тамара, Каролина, Миле Кузмановски, Дина Јашари, Куку…

Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски објави кои…