Објавено на:

Оман предложи нов план за Ормутскиот теснец: Поделба на „две ленти“, едната под контрола на Иран

t

Оман подготви нацрт-предлог за управување со поморскиот сообраќај низ стратешки важниот Ормутски теснец, предлагајќи воведување на две одделно контролирани рути, објави Си-Ен-Ен, повикувајќи се на добро информирани извори.

Според извештаите, договорот сè уште не е финализиран, но во него се предлага двата коридора да останат отворени за поморски сообраќај, а да работат под различни услови.

Како би функционирале новите рути:

– Јужна рута: Ќе поминува низ територијалните води на Оман. По овој коридор, бродовите ќе имаат целосно слободен премин, во согласност со предвоениот модел на навигација.

– Северна рута: Ќе биде сместена во територијалните води на Иран. Бродовите што ја користат оваа рута ќе мора да добијат претходно одобрение од Иран за да поминат низ неа, но, според планот, нема да се наплаќаат транзитни такси.

Овој предлог е сè уште во фаза на интензивни преговори. Во саботата, министрите за надворешни работи на Иран и Оман се состанаа во Мускат за директно да разговараат за деталите и механизмите што треба да обезбедат безбедно поминување на трговските бродови низ овој клучен светски теснец.

Во меѓувреме, државната новинска агенција Оман потврди дека двете земји постигнале договор за продолжување на техничките разговори во врска со ситуацијата во Ормутскиот теснец. Доколку се постигне договор, овој потег би можел значително да ја стабилизира и редефинира динамиката на поморскиот сообраќај на еден од најважните нафтени правци во светот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Оман предложи нов план за Ормутскиот теснец:…

Оман подготви нацрт-предлог за управување со поморскиот…

Бугарија се „шири“ и во Србија: Отвора…

 Бугарија отвора конзуларни пунктови и организирање прием…

Полска почнува преговори за приклучување кон програмата…

Полска официјално започнува преговори за приклучување кон…

Бизнисменот кој ја продал земјата за одморалиштето…

Бизнисмен од Мајами, кој е баран во…

(Фото) Неексплодирана артилериска граната тешка 13,6 кг…

Пиротехничарот на Дирекцијата за заштита и спасување…