Орбан: Ако Унгарија има нафта, ќе има и Србија

t

Унгарскиот премиер Виктор Орбан денеска во Суботица изјави дека неговата земја зависи од увозот на нафта и гас, но дека резервите што ќе ги има ќе ги подели со Србија.

Тој и српскиот претседател Александар Вучиќ им се обратија на новинарите откако во Суботица им беа доделени признанијата од Фондацијата „Иштван Пастор“ за унапредување на односите меѓу двете земји и народи. Орбан повтори дека Србија секогаш може да смета на помошта од Унгарија и додаде дека двајцата денеска на работниот ручек ќе разговараат за енергетската стабилност и мирот.

На новинарско прашање да ја прокоментира изјавата на неговиот шеф на кабинет дека унгарскиот МОЛ би можел да купи удел во НИС, тој рече дека таа одлука е на Србија. Шефот на кабинетот на унгарскиот премиер, Гергељ Гулјаш, претходно изјави дека унгарскиот МОЛ би можел да купи удел во Нафтената индустрија на Србија (НИС), која е во руска сопственост, а преговорите за тоа се во тек. Гулјаш на брифинг за новинари рече дека „може да постои можност за нормална пазарна трансакција, но преговорите се во тек“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Орбан: Ако Унгарија има нафта, ќе има…

Унгарскиот премиер Виктор Орбан денеска во Суботица…

Мицкоски: Иднината на Македонија е во ЕУ

Премиерот Христијан Мицкоски одговарајќи на пратеничко прашање…

Ќе плаќаме поскапа струја? ЕСМ на „ЕВН…

ЕВН Хоме како Универзален снабдувач на електрична…

Герасимовски: Владата мора да интервенира пред Водно…

Поради превенција за активирање на свлечиштето на…

Ѓорѓиевски: Следува многу работа, многу пот и…

После подолго време, конечно се одржува седница…