ОРБАН ЗА ЗАЕМОТ ОД 500 МИЛИОНИ ЕВРА: Кинески пари не можеме да ви даваме, но европски пари можеме и ќе ви ги даваме

t

Кинески заем и кинески пари не можеме да даваме, бидејќи Унгарија со Кина има договор сите пари кои доаѓаат од Кина да одат на конкретни проекти за развој во Унгарија, истакна денеска во Охрид унгарскиот премиер Виктор Орбан.

-Кинески пари не можеме да ви даваме, а европски пари можеме и ќе ви ги даваме, рече Орбан во одговор на новинарското прашање дали парите од унгарскиот заем во висина од 500 милиони евра се кинески или унгарски, на денешната заедничка прес-конференција со премиерот Христијан Мицкоски во Охрид.

Од аспект на Унгарија, како што кажа, економијата не е најважно прашање меѓу нашите две држави, туку е второстепено. Примарно прашање е националната безбедност и борбата против миграцијата.

-Во Унгарија сите прашања ги решаваме од аспект на безбедноста и имаме поразвиена соработка со земјите кои се побитни за нашата национална безбедност. С. Македонија не е само пријателска земја на Унгарија, туку и многу важна држава за безбедноста на Унгарија, бидејќи се наоѓате на мигрантската рута. Доколку има потреба, имаме волја да ви помогнеме на сите начини, порача Орбан.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ОРБАН ЗА ЗАЕМОТ ОД 500 МИЛИОНИ ЕВРА:…

Кинески заем и кинески пари не можеме…

Злато за таеквондиската Ведрана Тунески во Тирана!

Македонската таеквондистка Ведрана Тунески освои златен медал…

(Видео) Објавена снимка од пукањето кон поранешниот…

Главна вест во турските медиуми е пукањето…

Недановски самоуверено: Сѐ освен титула ќе биде…

„ Сè освен титула ќе биде неуспех…

Карлеуша проговори за здравствената состојба на Саша…

Јелена Карлеуша неодамна проговори за здравствената состојба…