Османи доби честитика од Трамп за денот на незавиноста на Косово

t

Претседателката на Република Косово, Вјоса Османи, доби честитка од претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, по повод 18-годишнината од прогласувањето на независноста на Косово, пренесува Еуроњуз Албанија.

Во своето писмо до Османи, претседателот Трамп им честиташе на граѓаните на Косово за оваа важна годишнина, потврдувајќи ја непоколебливата поддршка на Соединетите Американски Држави за суверенитетот и територијалниот интегритет на Република Косово. Претседателот Трамп, исто така, ја изрази подготвеноста на Соединетите Американски Држави да го прошират партнерството меѓу двете земји, особено преку зголемена трговија и инвестиции, со цел унапредување на заедничкиот просперитет, и нагласи дека Соединетите Американски Држави се подготвени да работат заедно со Косово за унапредување на мирот и стабилноста за взаемна корист.

Претседателот Трамп, исто така, изрази благодарност до претседателот Османи и до народот на Косово за поддршката на американските напори за мир и го поздрави Косово како член-основач на Одборот за мир, кој има за цел да го направи светот побезбеден, посилен и попросперитетен.

На крајот од пораката, претседателот Трамп изразува доверба во понатамошно зајакнување на соработката и партнерството меѓу двете земји.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Османи доби честитика од Трамп за денот…

Претседателката на Република Косово, Вјоса Османи, доби…

САД транспортираше мал нуклеарен реактор со авион

Министерството за енергетика и одбрана на САД…

Курти од Минхен: Ќе ги зголемиме и…

Косовскиот премиер Албин Курти изјави дека на…

Американски војници упаднаа на танкер што превезувал…

Припадници на американската армија синоќа упаднаа на…

Словачка се надева на договор со компанија…

Словачка се надева дека следната година ќе…