Осомничениот убиец од Старо Нагоричане ќе оди на психијатриска процена

t

Дваесет и петгодишникот од Старо Нагоричане, кој е осомничен за убиството на 78-годишна жена од Челопек и за кого постои сомнение дека извршил и други убиства, е обезбеден и во следните денови врз него ќе биде извршена психијатриска процена од страна на тим на експерти, соопштија денеска од Јавното обвинителство.

Во моментов тече истрагата за случајот, a Oсновното јавно обвинителство Куманово и сите надлежни институции преземаат дејства за обезбедување докази за целосно расчистување на овие настани.

„До овој момент вештиот наод од извршената обдукција на ексхумираното тело не е доставен до јавниот обвинител. Во текот на оваа сложена постапка се вршат распити на лица, а ќе бидат обезбедени и сите други потребни докази за целосно расчистување на случаите, но во оваа фаза од постапката во интерес на истрагата не може да се споделуваат повеќе детали“, соопштија од Јавното обвинителство.

Дваесет и петгодишниот Т.Б. од Старо Нагоричане е осомничен дека во периодот меѓу 27 јануари и 12 февруари годинава на свиреп и подмолен начин усмртил 78-годишна жена од село Челопек. Убиството отвори сомнеж за поврзаност на повеќе други слични настани во Кумановскиот Регион кои сега се предмет на истрага.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Осомничениот убиец од Старо Нагоричане ќе оди…

Дваесет и петгодишникот од Старо Нагоричане, кој…

„Предизвикаа паника кај кравите, па ме уапсија…

Јулијана Ѓорѓиевска, која денес тврди дека ги…

Истрагата се проширува – обдукцијата откри насилна…

Завршена е обдукцијата и на втората жена…

Левица: ДУРИ НИ ГРУБИ ПРВИЧНО НЕ СЕ…

Фарсата на ДПМНЕ и Артан Груби оди…

ВМРО-ДПМНЕ: Се плаши ли Филипче од Груби…

Венко Филипче и СДС се единствените кои…