Осум досиеја за сомнежи за злоупотреби во кардиохирургија, министерот Алиу ја активира специјалната комисија

t

Осум досиеја со наводни нерегуларности поврзани со кардиохируршки интервенции се процесуирани до внатрешна комисија составена од медицински експерти, правници и економисти од Министерството за здравство. Според министерот Азир Алиу, потребно е да се утврдат фактите и да се дејствува врз основа на медицински докази, во согласност со меѓународните стандарди и јасни методолошки правила. Граѓаните, рече тој, имаат право и потреба да бидат сигурни дека добиваат здравствени услуги врз основа на реални медицински потреби и докази – а не според паушални проценки или коруптивни мотиви.

„Сакам да ве информирам дека медицинските досиеја за осум случаи се доставени до Внатрешната комисија. Комисијата ќе ги обработи сите во детали, со цел утврдување на вистината врз основа на медицински факти. Комисијата ќе се состане утре и овие досиеја ќе бидат првите случаи на кои ќе работи. Во исто време, Министерството за здравство побара и вонреден надзор од страна на експертите од Лекарската комора.“, рече Алиу.

Алиу додаде дека недостатокот од кадар довел до преоптовареност и дека се очекува решение преку соработка со Клиниката за кардиохирургија од Словенија, со цел размена на персонал. Во Скопје бројот на хируршки интервенции е ограничен, бидејќи кога има кардиохирурзи, недостигаат анестезиолози, со што се отежнуваат операциите.

– Денес имавме состанок со директорот на кардиохирургијата, како и со словенечкиот директор кој се наоѓа во Македонија, за да подготвиме билатерален меморандум меѓу двете држави, со цел мобилност на лекари и медицински сестри. Ова ќе го намали притисокот врз стручниот кадар во кардиохирургијата, но и ќе биде можност за усвојување нови работни техники“, додаде Алиу.

Ова прашање беше отворено откако докторот Сашко Кедев изјави дека имало кардиохируршки интервенции кои биле извршени без реална потреба.

Овие сомнежи, кои биле пријавени од самата Клиника за кардиохирургија, го натераа Министерството за здравство минатата недела да формира специјална комисија за да ги анализира податоците за кардиолошките и кардиоваскуларните интервенции во периодот од јануари 2022 до август 2025 година, во јавните и приватните институции.

Министерот Алиу, исто така, ги повика сите пациенти да пријавуваат сомнителни случаи.

Утре се очекува оваа комисија да започне со разгледување на досиејата едно по едно, по што, доколку се утврдат елементи на кривични дела, предметите ќе бидат доставени до државното обвинителство за понатамошна истрага.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Осум досиеја за сомнежи за злоупотреби во…

Осум досиеја со наводни нерегуларности поврзани со…

Инспекција влегува на Кардиохирургија за смртта на…

Министерот за здравство Арбен Таравари му наложил…

ХОРОР! Цел живот плаќал придонеси за да…

Цел живот плаќал придонеси за оваа држава…

Демири: Директорите на кардиохирургија и токсикологија се…

Министерот за здравство д-р Илир Демири во…

Антикорупциска: Демири незаконски ги разрешил директорите на…

Антикорупциска комисија ги прифати пријавите дека се…