Осум лица приведени низ Македонија – кај нив пронајдена дрога
Осум лица се лишени од слобода во изминатото деноноќие на повеќе локации низ државата, откако при полициски проверки кај нив била пронајдена дрога, информираат од Министерството за внатрешни работи.
Во периодот од 25 до 26 јули 2026 година, полициски службеници од СВР Скопје на различни локации во главниот град ги лишиле од слобода Ј.Ч. (47), А.Б. (19), Ф.Р. (27), Н.К. (19), М.О. (26), сите од Скопје, како и В.М. (35) од селото Морани, скопско.
При извршените прегледи кај нив биле пронајдени и одземени кафеава прашкаста материја, друга прашкаста материја и марихуана.
Дополнително, на 26 јули во 01:45 часот во селото Камењане, тетовско, полициски службеници од Полициското одделение Камењане ги лишиле од слобода Б.И. (21) и О.М. (18), двајцата од Тетово.
Кај нив била пронајдена бела прашкаста материја и марихуана, по што биле задржани во полициска станица.
Од МВР информираат дека по целосното документирање на случаите, против лицата ќе бидат поднесени соодветни пријави.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Осум лица приведени низ Македонија – кај…
Осум лица се лишени од слобода во…
Трагедија во Скопје: Почина 16-годишник, му се…
На 25.07.2026 во 16.22 часот во СВР…
Мицкоски: Владата продолжува со силна поддршка за…
„Јас сакам само да упатам честитки на…
Си-ен-ен: Трамп ги запира нападите врз Иран…
Потпретседателот Џ.Д. Венс и началникот на Здружениот…
Инвеститорите на Волстрит се обложуваат на пад…
Во последните неколку години, најпопуларната стратегија на…