Отворен првиот центар за третман на дебелината кај децата

t

Денеска во Универзитетската клиника за детски болести, во присуство на министерот за здравство Азир Алиу , директорот на Фондот за здравствено осигурување Сашо Клековски и други гости, се отвори Центарот за менаџирање и третман на обезноста кај децата, прв и единствен за педијариската популација во нашата земја.

Директорот на Клиниката Д-р спец. Реџеп Мемеди истакна дека овој специјализиран Центар беше неопходен и доаѓа како одговор на загрижувачките податоци за пораст на процентот на децата кои се соочуваат со екстремна дебелина.

(Податоци од Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) и ЈЗУ Клиниката за детски болести, според кои над 30% од децата на возраст од 6 до 9 години во Северна Македонија се со зголемена телесна тежина, а речиси 14% од нив се соочуваат со екстремна дебелина.)

Тој додаде дека Обезноста е комплексна состојба, не е само естетски проблем или проблем на исхраната. Затоа овој центар ќе обезбеди ран и мултидисциплинарен пристап од нашите тимови од педијатри-ендокринолози, генетичари, нутриционисти, психолози и физијатри. Во овој центар, во нашата Клиничка лабораторија, ќе се спроведуваат детални хормонски, метаболички и молекуларно-генетски испитувања за да се утврди точната причина за обезноста со цел да се одреди индивидуален план за лекување.

Во овој центар на Детска клиника се обезбедени инфраструктурни услови, средства за работа како и еден специјален современ апарат т.н InBody кој користи посебна мултифрекевентна техологија за проценка на телесниот состав како дијагностичка процедура т.е овој апарат врши проценката на мускулната маса, висцералното и поткожното масно ткиво и дистрибуцијата на водата во детскиот организам.

Навремениот третман на обезноста кај децата значи превенција или спречување на долгорочни компликации, како што се Дијабет тип 2, кардиоваскуларни заболувања, ортопедски , психолошки проблеми, стигматизација и др.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Без струја делови од Карпош, Центар и…

Без електрична енергија денеска ќе останат делови…

За паркинг на второ возило во Центар…

Во услови кога бројот на возила во…

Стануваме ли дебела нација? Секој трет ученик…

Дебелината во Македонија веќе не е тема…

Герасимовски: Поставени сите уреди за мерење бучава…

Општина Центар ја заврши првата фаза од…

Низ Центар се поставуваат паметни апарати за…

Околу угостителски објекти, високо фреквентни улици и…