ОЈО ќе истражи дали во ЦСР Скопје некој направи кривично дело за случајот Ивана и Катја
Обвинителството оформи предмет за проверка на постапувањето на социјалните работници во случајот каде по континуирано семејно насилство, Ивана Јовановска и нејзината ќерка ги загубија животите при пад од тераса. Ќе се прибираат докази дали со неправилностите при работењето кои беа констатирани при инспекцискиот надзор на Министерството за социјална политика, некои вработени во ЦСР Скопје сториле кривично дело.
-Врз основа на информациите објавени во медиумите за констатирани неправилности при извршениот инспекциски надзор во Центарот за социјални работи, Јавното обвинителство на РСМ оформи предмет по допрен глас и го проследи на надлежно постапување на Основното јавно обвинителство Скопје, кое ќе преземе дејствија на проверки за да испита дали со овие неправилности се исполнети елементи на кривично дело кое се гони по службена должност, извести Јавното обвинителство.
Инаку, пред два дена од Министерството за социјална политика за „Слободен печат“ известија дека Центарот за социјални работи Скопје неправилно постапувал во постапките за развод и за семејно насилство кои се воделе за сега починатата Ивана, чиј живот, заедно со животот на нејзиното дете, заврши со пад од зграда во скопски Карпош.
Од Министерството за социјална политика, демографија и млади, за „Слободен печат“ информираат дека инспекцијата што ја направија за начинот на постапување во предметот за семејно насилство од Стојанче Јовановски кон Ивана, содржи недостатоци и неправилности во постапувањето на Центарот за социјални работи Скопје, за што се води соодветна постапка и изрекување на инспекциски мерки во согласност со Законот.
Во натамошниот тек на инспекциската постапка, ќе се преземат соодветни активности од страна на инспекторите, во согласност со Законот, велат од Министерството.
Надзорот е направен за примената на Законот за социјалната заштита, Законот за семејство, Законот за спречување и заштита од насилство врз жените и семејно насилство, подзаконските, општите, поединечните и другите акти донесени врз нивна основа.
Следниот ден по нашите дополнителни прашања, министерот за социјална политика Фатмир Лимани објасни дека неправилностите кои се констатирани се однесуваат на пропуст во делот на остварување на непосреден контакт со жртвата, односно вршење на непосреден увид во домаќинството, иако стручните работници телефонски и административно контактирале со жртвата со закажана средба помеѓу жртвата и стручниот работник од центарот.
Тој го продолжи инспекцискиот надзор во ЦСР Скопје зашто „Слободен печат“ објави дека на 19 јануари 2026 година на Клиниката за дигестивна хирургија во Скопје, Стојанче ја турнал Ивана по скалите по што таа паднала во бесознание и била повикана полиција. По протокол, полицијата би морало да се јави на интервентниот тим на ЦСР Скопје за и социјални работници да излезат на терен.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Тројца Суданци ограбиле 27-годишник во Скопје
Тројца Суданци се уапсени утринава во скопската…
Аеродромот во Тирана со најголем број на…
Албанија се пофали со најмногу патници на…
Скопајнец физички ги нападнал мајка си и…
Вчера во СВР Скопје е пријавено дека…
Посебен сообраќаен режим во Скопје поради Задушница
Поради верскиот празник Задушница денеска од 6:00…
Посебен режим на сообраќај денеска во Скопје…
Денеска (10.02.2026) во официјална посета на Р.С.Македонија…