Објавено на:

Падна романската влада

t

Опозиционите партии на Романија ја соборија прозападната конзервативна влада на премиерот Илие Болојан бидејќи се противат на неговите политики за штедење и плановите за продажба на државен имот.

Предлогот за недоверба на владата го поднесоа Алијансата за единство на Романците (AUR), крајно десничарска популистичка партија, и Социјалдемократската партија (PSD), која до неодамна беше дел од коалицијата на Болојан.

Претседателот Никушор Дан сега мора да предложи кандидат за премиер. Доколку парламентот отфрли два последователни предлози, тој може да го распушти парламентот и да распише предвремени избори.

Дан неодамна јасно стави до знаење дека нема да номинира кандидат од „антизападната“ AUR, која е втора најголема група во парламентот по PSD.

Болојан ја предводи централнодесничарската Национална либерална партија (PNL и е на функцијата од јуни 2025 година.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Падна романската влада

Опозиционите партии на Романија ја соборија прозападната…

(Видео) Трамп опкружен со деца: „Лудаците во…

Американскиот претседател Доналд Трамп денеска во Белата…

Арбер Адеми: Законот за јазици во опасност!

Генералниот секретар на ДУИ, Арбер Адеми, во…

Трамп објави фотографија од шефот на централната…

Американскиот претседател, Доналд Трамп, објави фотографија на…

(Видео) Погледнете како пеат францускиот претседател и…

Францускиот претседател и ерменскиот премиер приредија неочекуван…