Објавено на:

Паника во Италија: Сомнежи за ебола кај двајца повратници од Африка

t

Здравствените власти во Ломбардија активираа итни протоколи поради два сомнителни случаи на Ебола во покраината Комо. Станува збор за маж и жена кои неодамна се вратиле од Уганда, каде престојувале неколку месеци како хуманитарни работници.

Двајцата пациенти покажале симптоми како висока температура, повраќање и дигестивни проблеми, по што итно биле пренесени во Болница Сако во Милано – установа специјализирана за третман на високо ризични заразни болести. Таму се спроведуваат детални тестирања, а резултатите се очекуваат наскоро.

Регионалниот функционер Гвидо Бертоласо изјави дека засега нема потврда дека станува збор за ебола, додавајќи дека институциите се надеваат на негативни резултати.

Иако пациентите доаѓаат од регион блиску до области каде има зголемена појава на ебола, лекарите сметаат дека е поверојатно да се работи за маларија. Кај жената постои сомнеж за потежок облик – церебрална маларија, додека состојбата на мажот засега е полесна.

Како мерка на претпазливост, здравствените власти ги ставиле под надзор и нивните блиски контакти. Од Министерство за здравство на Италија информираат дека ризикот од ширење на ебола во земјата останува низок, но системот е целосно подготвен за реакција.

Во меѓувреме, европските институции внимателно ја следат ситуацијата, а надлежните апелираат да не се создава непотребна паника додека не се потврдат конечните резултати.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Паника во Италија: Сомнежи за ебола кај…

Здравствените власти во Ломбардија активираа итни протоколи…

Македонците се враќаат од продолжен викенд, ова…

Состојбата на граничните премини во Македонија попладнево…

МВР информира што изгорело во поранешната фабрика…

Пожарот во Радовиш што синоќа ја зафати…

Путин: Итно е потребно дипломатско решение за…

Рускиот претседател Владимир Путин и кралот на…

Цената на нафтата падна под 100 долари

Цените на нафтата паднаа за повеќе од…