Пановски: По сите основи сме далеку од здрава нација – обложувалница како главен “спорт“, а 70 посто од општеството на раб на сиромаштија
Јавното здравство е под притисок, а состојбата со менталното и социјалното здравје отвора сериозни дилеми за тоа дали воопшто може да се зборува за „здрава нација“. Професор д-р Никола Пановски вели дека ако се земе предвид дефиницијата на Светската здравствена организација, реалноста е далеку од идеалот.
„Ако го дефинираме здравјето како што го дефинира СЗО, тоа е малку утопистички – состојба на физичка, ментална и социјална благосостојба. По сите овие основи, ние сме далеку од здрава нација“, вели Пановски.
Тој посочува дека особено загрижува трендот кај менталното здравје, каде лековите за психички и невролошки заболувања бележат раст од околу 30 проценти годишно. Според него, промените во општеството се видливи и во секојдневната комуникација и однесување.
„Ако гледаме по социјалните мрежи, по Ковидот имаме нација која не е како што треба – многу мрзи, напаѓа, нема дискусија. Тоа го гледаме и во Собранието. Од физички аспект има големи разлики – дел спортуваат, но за мнозинството главен ‘спорт’ се обложувалници и коцкарници, а игралиштата низ Скопје се празни“, нагласува Пановски.
Дополнително, вели тој, социјалниот јаз е длабок и директно влијае врз општата благосостојба на населението.
„Имаме 1 процент енормно богати, мал дел висока средна класа, околу 20 проценти ниска средна класа и дури 70 проценти на работ на сиромаштија или сиромашни. По таа дефиниција, по сите основи, сме далеку од здрава нација“, додава Пановски.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Пановски: По сите основи сме далеку од…
Јавното здравство е под притисок, а состојбата…
Ирански ФАРС: Ормутскиот теснец е целосно затворен!
Новинска агенција Фарс соопшти дека ормутскиот теснец…
Германско предупредување: „Цените на горивата нема брзо…
Германската влада денеска најави дека цените на…
Аракчи: САД треба да изберат помеѓу прекин…
Условите на примирјето меѓу Соединетите Американски Држави…
Трамп најави директни преговори со Иран во…
– По постигнатиот договор за прекин на…