Објавено на:

Папата Лав XIV го поздрави договорот меѓу САД и Иран

t

Поглаварот на Римокатоличката црква, Папата Лав XIV, го поздрави привремениот договор меѓу САД и Иран за прекин на воените дејствија на Блискиот Исток.

Папата, кој е роден во САД, изрази надеж дека договорот што е предвидено да биде потпишан в петок, ќе стави траен крај на конфликтот. Тој претходно упати критики за војната против Иран, што предизвика реакции од американскиот претседател Доналд Трамп.

„Се уште има неколку прашања што треба да се решат, но секогаш е подобро тоа да се направи преку дијалог и преговори, наместо преку враќање кон војна“, изјави папата пред својата резиденција во Кастел Гандолфо.

„Се надевам дека ова навистина претставува решение за војната, дека војната навистина заврши и дека можеме да продолжиме понатаму“, додаде тој во изјава што синоќа ја даде за новинарите. 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Папата со поддршка за новинарите: Вие ја…

За време на неговата прва аудиенција со…

(Во живо) Лав XIV е првиот папа…

Новиот папа е Роберт Превост од САД,…

Конклавата за избор на нов папа ќе…

Католичките кардинали кои се состанаа во Рим…

Зошто се уништува прстенот на папата по…

Рибарскиот прстен, еден од најпрепознатливите папски симболи,…

(ВИДЕО) Откриено што му шепнала Меланија на…

Меланија Трамп мораше да интервенира и да…