Објавено на:

Папата Лав: Доста е од демонстрација на моќ! Доста е од војна!

t

Папата Лав во саботата упати силен апел до светските лидери да го прекинат она што го нарече „лудило на војната“, во време кога високи американски и ирански претставници се состануваат во Пакистан за преговори за завршување на шестнеделен конфликт, јавува Ројтерс.

На посебно молитвено бдение во базиликата „Свети Петар“, првиот папа Американец остро го осуди користењето на религиозна реторика за оправдување на војната, истакнувајќи дека „заблудата за семоќ која нè опкружува станува сè понепредвидлива“.

Тој директно им се обрати на светските лидери со порака: „Престанете! Време е за мир! Седнете на маса на дијалог и посредување, а не на маса на која се планира ново вооружување.“

Папата Лав се осврна и на страдањата на цивилите, цитирајќи писма од деца од воени подрачја кои опишуваат „ужас и нечовечност“, нагласувајќи дека човештвото е сериозно нарушено од тековните конфликти.

Тој ја критикуваше и злоупотребата на верата за оправдување на насилството, потсетувајќи на ставовите на Црквата против војната во Ирак во 2003 година и порача: „Доста е од идолопоклонство на себеси и на парите! Доста е од демонстрација на моќ! Доста е од војна!“

Папата и претходно изјави дека Бог ги отфрла молитвите на оние кои започнуваат војни, нагласувајќи дека човечката рамнотежа е сериозно нарушена кога религијата се користи за оправдување на конфликти.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Папата Лав: Доста е од демонстрација на…

Папата Лав во саботата упати силен апел…

Американската војска потврди дека два нејзини брода…

Американската војска соопшти дека два нејзини воени…

Вучиќ пред изборите во Унгарија: Србите ќе…

Претседателот на Србија Александар Вучиќ објави денеска…

Лекарите советуваат: Со “усул” јадење и пиење…

Воспаление на жолчка и панкреас кои бараат…

САД ги демантираат тврдењата на Иран дека…

Висок ирански извор претходно изјави дека САД…