Патот кон Галичник поради снег повторно непрооден
Силните снежни врнежи што ја зафатија земјава во текот на ноќта предизвикаа сериозни проблеми во планинските предели, а дел од патиштата останаа тешко проодни. Особено критична е состојбата кон Галичник, каде надлежните предупредуваат дека патниот правец моментално не е безбеден за сообраќај.
Од Месната заедница информираат дека поради обилниот снег патот е значително отежнат и не се препорачува движење кон селото сè додека не се расчисти. Екипите на терен веќе работат на отстранување на снежните наноси со цел да се воспостави нормална комуникација.
„Надлежните служби се на терен и се работи на расчистување. Апелираме граѓаните да не се упатуваат кон Галичник додека патот целосно не се обезбеди“, стои во известувањето.
Апелите се за трпение и внимателност, а дополнителни информации ќе бидат објавени штом состојбата се нормализира.
Во меѓувреме, под снежна покривка утрово се разбуди и Крушево, каде снегот не е невообичаен поради надморската височина од околу 1.350 метри. Според најавите на метеоролозите, врнежи од снег се очекуваат на сите подрачја над 1.000 метри, па речиси сите планински региони во земјата се зафатени со снег.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Патот кон Галичник поради снег повторно непрооден
Силните снежни врнежи што ја зафатија земјава…
ЦУК: Обилни врнежи од дожд, на планините…
Според хидролошката информација добиена од УХМР, за…
Околу 19.000 домаќинства во североисточна Словенија без…
Околу 19.000 домаќинства во североисточниот дел на…
На Попова Шапка 97 сантиметри снег
Најстудено изутринава во државава е на Попова…
Забрани за тешки возила кон Стража и…
Сообраќајот на државните патишта низ земјава се…