Пациенти алармираат за колапс на Клиниката за хематологија – Бараме итен инспекциски надзор, велат од Левица
Левица преку соопштение соопшти дека до партијата пристигнале, како што наведуваат, вознемирувачки сведоштва од пациенти кои се лекуваат на Универзитетска клиника за хематологија, а кои укажуваат на сериозни проблеми во функционирањето на установата.
Според партијата, пациентите се соочуваат со недостиг од терапии, како и со недостиг од основни медицински материјали, меѓу кои шприцеви, стерилни ракавици, средства за дезинфекција и кеси за венепункција.
Од Левица тврдат дека на клиниката бил воспоставен систем во кој лекарите за секоја терапија и интервенција морале да бараат одобрување од директорката Соња Генадиева-Ставриќ преку телефонски повици и пораки.
Партијата наведува и дека, според сведоштвата, на одредени пациенти им биле кратени терапии спротивно на медицинските индикации.
Во реакцијата, Левица го повикува директорот на Државен здравствен инспекторат, Кирил Лазов, да иницира вонреден инспекциски надзор за состојбата со терапиите, набавките и начинот на носење одлуки на клиниката.
„Доколку овие наводи се точни, станува збор за сериозен проблем за кој мора да има одговорност“, наведуваат од Левица.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Пациенти алармираат за колапс на Клиниката за…
Левица преку соопштение соопшти дека до партијата…
Левица: Скандалозен избор на Зајковска во ДКСК
Вчерашната одлука на собраниската комисија со која…
„Левица“: Ни ребаланс не го спасува Буџетот
Фактот што за само четири месеци се…
Што мислат сите партии? Избори – ДА…
Избори ќе има или нема, засега не…
Левица: Дали кандидатка за член на ДКСК…
На собраниска комисија беа интервјуирани кандидатите за…