Објавено на:

Песков: Откажувањето на Украина од НАТО треба да биде предмет на посебна дискусија

t

Кремљ денеска соопшти дека одбивањето на Украина да се приклучи кон НАТО е клучно прашање во сите мировни преговори и треба да биде предмет на посебни, поконкретни разговори.

„Секако, ова прашање е едно од главните и е предмет на посебна дискусија“,изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

Тој додаде дека Москва очекува информации од САД по разговорите во Берлин со Украина и европските земји.

Претседателот на Русија Владимир Путин постојано бара Украина формално да се откаже од својата намера да се приклучи кон НАТО и да ги повлече своите трупи од делови на Донбас контролирани од Киев.

Москва, исто така, тврди дека Украина треба да биде неутрална држава и дека силите на НАТО не треба да бидат стационирани на нејзина територија.

Претседателот на Украина Володимир Зеленски синоќа изјави дека Украина е подготвена да се откаже од инсистирањето за членство во НАТО доколку САД и европските партнери понудат доволно безбедносни гаранции како дел од преговорите за мировниот договор.

„Зборуваме за билатерални безбедносни гаранции меѓу Украина и САД – по модел сличен на Член 5 … како и гаранции од нашите европски партнери и од други земји како што се Канада, Јапонија и други“,наведе Зеленски.

Во Берлин вчера се одржаа консултации меѓу претставници на Германија, Велика Британија и Франција за предлозите за завршување на војната, пред состанокот на Зеленски со лидерите на трите земји.

Зеленски вчера имаше и петчасовен разговор со американскиот специјален претставник Стив Виткоф и Џеред Кушнер, а по средбата најавено беше дека разговорите ќе продолжат и денеска. 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Песков: Откажувањето на Украина од НАТО треба…

Кремљ денеска соопшти дека одбивањето на Украина…

Украина подготвува закон за одржување избори во…

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски им наложи…

Виткоф: Има напредок во преговорите за мир…

Сонот за приклучување на Украина кон НАТО…

Без договор по долгите разговори меѓу Киев…

Разговорите меѓу украинските и американските претставници за…

Макрон: Франција ќе продолжи да ја подржува…

Макрон, францускиот претседател, истакна дека Франција ќе…