Петер Маѓар: ЕУ прво да го прими Западен Балкан, па после Украина
Унгарскиот премиер изјави дека Европската Унија треба да ги прими земјите од Западен Балкан пред Украина, за да го зачува кредибилитетот во регионот.
ЕУ прво мора да ги исполни ветувањата дадени на земјите кои со години чекаат членство, пред да даде нови ветувања на другите кандидати.
„Прво треба да ги примиме земјите кои долго време се подготвуваат за членство, кои многу жртвувале, прифатиле бројни обврски и со години чекаат на ветениот влез во ЕУ“, кажа Маѓар во интервју за австриската агенција АПА.
За евентуалното членство на Украина во ЕУ, Маѓар кажа дека земјата е сè уште многу далеку од прием и процени дека тоа нема да се случи барем во следните десет години. Потсети дека сите земји-кандидатки мора да поминат низ истите процедури и да ги исполнат истите услови за членство.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Петер Маѓар: ЕУ прво да го прими…
Унгарскиот премиер изјави дека Европската Унија треба…
Мелони го осуди нападот на Киев со…
Италијанската премиерка Џорџа Мелони денес остро го…
Европските лидери го осудија смртоносниот напад со…
Лидерите на Европската Унија размислуваат за вршење…
Украина бара итна седница на Советот за…
Украина повика на итна седница на Советот…
Рама: Меѓувладина конференција ЕУ-Албанија на 26 мај…
Албанскиот премиер Еди Рама објави дека Меѓувладината…