Петровска: Моето учество во Разговорите за Македонија не е против СДСМ
Моето учество во Разговорите за Македонија не е против СДСМ, туку за СДСМ, реагираше пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска, откако партискиот лидер Венко Филипче најави дека неделава партиските органи ќе расправаат околу нејзиното учество на настан модериран од Игор Ивановски, кој, пак, вчера изјави дека Филипче не се снашол во лидерската улога и обвини за таен договор со власта за слобода.
„Во 2024 година се кандидирав за Претседател на СДСМ. Понудив програма наречена Манифест за социјалдемократијата. Се повлеков заради кршење на принципите и правилата. Но, во моите настапи секогаш ги бранев ставовите на раководството, за да не се толкува дека опструирам. Соработував и помагав за доброто на СДСМ. Но, работите не се менуваа на подобро. На конгрес, пред присутните делегати јасно и гласно пратив порака дека мора да се менуваме, инаку ќе исчезнеме.
Со слична порака го честитав и роденденот на партијата. Предложив ветинг на пратениците и раковдството на партијата, нема одговор. Предложив промена на статутот заради враќање на моќта на одлучување кај членството, нема одговор. Останав СДСМ. Моето учество во Разговорите за Македонија не е против СДСМ, туку за СДСМ. Затоа што јас сум социјалдемократ и по убедување и по дејствување. Големите умови дискутираат за идеи; просечните умови разговараат за настани; малите умови разговараат за луѓето – Еленор Рузвелт“, напиша Петровска на Фејсбук.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Петровска: Моето учество во Разговорите за Македонија…
Моето учество во Разговорите за Македонија не…
(Видео) Eди Рама за роденденот доби бетонска…
Најмасовните протести досега, 35-ти по ред, се…
15-годишник украл автомобил во Велес, завршил во…
Петнаесетгодишен малолетник од Велес е приведен откако,…
Трамп стана првиот претседател кој се потпишал…
Министерот за финансии на САД, Скот Бесант,…
Пелагониските сточари со петарди го бранат добитокот…
Со петарди се бранат пелагониските сточари од…