Петрушевски: Се плаши ли СДСМ затоа што и Ковачевски го има во кривичната против Груби

t

Со мерката куќен притвор за Артан Груби не станува збор за преземено судство или пак за договор, како што инсинуира опозициската партија СДСМ, туку таа мерка е одлука на Обвинителството, вели пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски.

– Јас го разбирам и револтот на јавноста и ова коешто се говори по однос на изнесената мерка куќен притвор за Артан Груби. Меѓутоа таа мерка не ја носи Владата, ја носи Јавното обвинителство. По предлог на Јавното обвинителство ја носи судската власт. Со член 98 од Уставот, судската власт е независна – рече Петрушевски во гостување на Телма.

Тој додаде дека обвинителството, за кое СДСМ се бореше да не биде сменето, има 2 посто доверба.

Посочи дека за претходното седумгодишно владеење на СДСМ на граѓаните им станало нормално да гледаат како министри нарачуваат обвиненија, за разлика од денес, кога Министерството за внатрешни работи поднесе кривична пријава против Артан Груби, Перпарим Бајрами, а во истата кривична пријава е и поранешниот премиер и претседател на СДСМ, Ковачевски. Потенцираше дека можеби оттука им е и стравот и паниката на СДСМ.

– Јас разбирам дека граѓаните веќе им станало нормално после претходното седумгодишно владеење на СДСМ да се шетаат министри во канцелариите на јавните обвинители, да нарачуваат обвиненија. Така што, ова е истото тоа судство и обвинителство коешто има 2 проценти рејтинг против коешто јас секојдневно држам прес-конференции, а коешто е под контрола на СДСМ и ДУИ и нивните луѓе коишто ги носеа. Кога ние излеговме и баравме комплетна смена на судскиот и обвинителскиот совет, да ги разрешиме затоа што го доведоа судството до 2 проценти за да можеме да го ставиме на здрави нозе, токму СДСМ беше политичката партија којашто беше против тоа – рече Петрушевски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Петрушевски: Се плаши ли СДСМ затоа што…

Со мерката куќен притвор за Артан Груби…

Тренчевска: Никој во СДСМ не се плаши…

СДСМ воопшто не се плаши од тоа…

Нов земјотрес во Македонија!

Вечерва е регистриран земјотрес со јачина од…

Судијата не може да изрече притвор ако…

Сузана Јошевска Анастасовска, член на Судскиот совет,…

Проф. Најческа: Не ми се верува кои…

Мирјана Најчевска предизвика бурни реакции во јавноста…