Петрушевски: Филипче служејќи му на Заев го блокира патот на Македонија за ЕУ

t

Венко Филипче, очигледно, доби сила откако газдата, Зоран Заев му се појави на Бихаќка и повторно се засили да држи пресови и да си игра и портпарол, вели пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски.

„Филипче ретерираше од ставот, поточно заканите што ги кажа пратеникот Митко Трајчулески, дека ќе излегле од Собрание ако се укинела техничката влада. Ретерирањето е, можеби, една работа за која можеме да кажеме дека е добра, затоа што СДС се враќа на изворната идеја за укинување на техничка влада. Но, има еден јасен факт, а тоа е дека Филипче и СДС никако да се придвижат во насока да направат нешто добро за Македонија. Во нивниот речник нема ништо добро за Македонија. Се противат на се што е напредно, реформско“, рече Петрушевски.

Обвини дека лидерот на СДСМ, Венко Филипче си ја става партијата во служба на туѓи политички агенди.

„Актуелното раководство знае само да му служи на Заев, а никако на Македонија. А, служејќи му на Заев се покажува дека тие поддржуваат корупција, криминал, национални предавства. Заев е лик кој наместо на СДС да и мисли добро, му дава насоки на Филипче да ја става партијата во служба на туѓи политички агенди. Филипче треба да се освести и да разбере дека служејќи му на Заев тој ја блокира Македонија. И наместо нова енергија и визија во СДС, јавноста гледа како Филипче со неколкумина ликови ја продолжува истата онаа стара матрица на уназадување. Не може човек како Филипче, кој ја води СДС кон распад, да се грижи за европски пат на Македонија“, посочи тој.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Петрушевски: Филипче служејќи му на Заев го…

Венко Филипче, очигледно, доби сила откако газдата, Зоран Заев му…

Жерновски: Владата на Мицкоски ја водат лажни…

„Го дознавме и нивниот план за евроинтеграциите.…

Медведев предлага царини за извозот кон ЕУ

Заменик-претседателот на рускиот Совет за безбедност, Дмитриј…

Грчкиот парламент одзеде имунитет на 13 пратеници…

Грчкиот парламент им го одзеде имунитетот на…

Советниците на СДСМ во Кисела Вода бараат…

Советниците од СДСМ во Општина Кисела Вода…