Пешак загина на патот Подмоље-Струга, во него удрил камион

t

– На 16.02.2026 во 06:30 часот во ОВР Струга е пријавено дека на магистралниот пат Подмоље- Струга, товарно возило „ман”,управуван од А.А.(52) од Република Албанија, удрило во пешакот У.Д.(75) од струшкото село Ливада кој, од здобиените повреди починал на местото на несреќата, известија од МВР.

Лекар од Итна медицинска помош Струга констатирал смрт, а увид извршила увидна екипа на ОВР Струга.

Претходно, во 06:05 часот е пријавено дека У.Д. се оддалечил од домот на негов роднина во струшкото село Мислешево и дека имал здравствени проблеми. Се преземаат мерки за расветлување на настанот, велат од полицијата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Градоначалникот Ќура ангажирал фирма што ќе утврди…

Градоначалникот на Струга, Менди Ќура, најави дека…

Тешка сообраќајка: Изгореа камион и кола кај…

Сообраќајот на автопатот Куманово–Скопје утрово е во…