Пешак удрен од автомобил во Тетовско

t

На 26.12.2025 во 06:45 часот во СВР Тетово е пријавено дека на регионалниот пат Тетово – с.Брвеница, патничко возило „пежо” со тетовски регистарски ознаки, управувано од Б.Н.(20) од Тетово, удрило во 35-годишниот пешак Б.С. од с.Брвеница. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, констатирани во Клиничка болница Тетово.

За настанот е известен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Тетово, а увид извршила увидна екипа од СВР Тетово.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Возач удрил и усмртил пешак со возило…

На 25.08.2025 во 09:20 часот во Кичево,…

Жена од Кочани тешко повредена, ја удриле…

На 11.07.2025 во 15:07 часот во ОВР…

Прегазен пешак во Гостивар

МВР информира дека вчера попладне околу 15.15…

Затворен патот Крива Паланка – Деве Баир…

На ден 26.05.2025 од 13.30 ч.има прекин…

Возач удрил пешак во Гостивар па избегал

СВР Тетово информира дека вчера (23.05.2025) во…