Пленковиќ: Црна Гора напредува кон ЕУ, но мора да ги реши отворените прашања со Хрватска
Црна Гора има најголем напредок во процесот на европските интеграции меѓу земјите од регионот, но Загреб очекува конкретни чекори и решавање на отворените билатерални прашања, порача денеска хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ, пренесе Индекс.
Тој ова го изјави на прес-конференција во рамки на самитот Европска Унија – Западен Балкан, што се одржува во Тиват.
Пленковиќ нагласи дека Хрватска има јасни очекувања, кои и претходно биле нотирани во односите меѓу двете земји. Како едно од главните прашања го посочи обесштетувањето на поранешните логораши, за што Загреб инсистира да биде правно уредено со посебен билатерален договор.
Освен тоа, хрватскиот премиер ги наведе и имотно-правните барања на семејствата од Хрватска, прашањето за спомен-плочата во поранешниот логор Морињ, сопственоста над училишниот брод „Јадран“, како и конечното утврдување на границата меѓу двете држави.
Пленковиќ порача дека Хрватска очекува продолжување на конструктивниот дијалог и видлив напредок во преговорите за сите овие прашања.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Пленковиќ: Црна Гора напредува кон ЕУ, но…
Црна Гора има најголем напредок во процесот…
(Видео) Еди Рама: „Бог, секс и ЕУ…
На денешниот самит на ЕУ-Западен Балкан во…
Мерц во Тиват: Го сакаме Западен Балкан…
По самитот ЕУ–Западен Балкан во Тиват, канцеларот…
Унгарија подготвува реформи за деблокирање на речиси…
Унгарската влада следната недела ќе достави пакет…
Вучиќ се гушкаше со Радев во Црна…
Српскиот претседател Александар Вучиќ лично сподели фотографии…