Повеќе од половина Британци сакаат да се вратат во ЕУ, 10 години по Брегзит
Поддршката за повторно членство на Велика Британија во Европската Унија расте, покажува ново истражување, при што 53 проценти од гласачите се изјасниле за целосно враќање во блокот.
Анкетата на организацијата „Бест фор Бритен“, објавена во „Гардијан“, покажува дека поддршката е особено висока кај гласачите на Лабуристичката партија (83 проценти), Либералните демократи (84 проценти) и Зелените (82 проценти).
Иако 61 процент од испитаниците го поддржуваат сегашниот пристап на владата кон односите со ЕУ, само 19 проценти го прават тоа со силна поддршка, што укажува на ограничена убеденост во актуелната политика.
Кај гласачите на Конзервативната партија, поддршката за владината политика изнесува 39 проценти, додека кај поддржувачите на Реформската партија – 18 проценти.
Според Том Бруфато од „Бест фор Бритен“, делумните решенија носат сериозни ризици и не нудат стабилен излез од последиците на Брегзит.
Истражувањето анализирало повеќе можни сценарија – од задржување на сегашниот курс, преку продлабочување на оддалечувањето од ЕУ, до приклучување кон царинската унија и единствениот пазар или целосно враќање во Унијата.
Организацијата предупредува дека враќањето во царинската унија и единствениот пазар би било политички чувствително, бидејќи повторно би ги отворило старите поделби во британското општество.
Таквиот чекор би барал и сериозна дебата за суверенитетот, бидејќи дел од регулативите би се носеле надвор од Велика Британија.
Во моментов, политиката на Лабуристичката партија е усогласување со правилата на единствениот пазар без формално членство, што значи ограничено влијание врз носењето на одлуките.
Во меѓувреме, обидите за намалување на трговските бариери преку договори за санитарни и фитосанитарни стандарди укажуваат на постепено преземање на европските правила.
Од Брегзит наваму, Велика Британија се откажа од десетици регулативи поврзани со овие договори, со цел да ја олесни трговијата со храна.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Повеќе од половина Британци сакаат да се…
Поддршката за повторно членство на Велика Британија…
Стармер: Брегзит нанесе „длабока штета“ на британската…
Брегзит нанесе „длабока штета“ на британската економија,…
Шест од десет Британци сакаат државата да…
Британскиот премиер Кир Стармер повика на „подлабоки…
Илјадници патници заглавени меѓу Британија и Франција…
Проблеми со напојувањето во Евротунелот (Channel Tunnel)…
Кралот Чарлс за нападот во воз кај…
Британскиот крал Чарлс III денес изјави дека…