Повторно прегазен пешак на „Партизанска“: Жена тешко повредена

Денеска (02.04.2025) во 15:58 часот, во СВР Скопје од ГОБ „8 Септември“ е пријавено дека кај нив е донесена 68-годишната З.А. од Скопје, која била тешко повредена во сообраќајна несреќа на булевар „Партизански одреди“ во Скопје.
Несреќата се случила кога во жената удрило патничко возило „Опел“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 26-годишниот В.Ј. од Скопје. На повредената жена и биле констатирани тешки телесни повреди, по што веднаш била префрлена во болница за укажување лекарска помош.
Известен е јавен обвинител, а против возачот В.Ј. ќе биде поднесена кривична пријава за предизвикување на сообраќајна несреќа со тешки последици.
Полицијата работи на целосно расветлување на случајот и утврдување на причините кои довеле до несреќата.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Повторно прегазен пешак на „Партизанска“: Жена тешко…
Денеска (02.04.2025) во 15:58 часот, во СВР…
Апасиев: Ќе здувне ли премиерот и од…
Пратеникот и лидер на Левица, Димитар Апасиев,…
Сиљановска помилува осум лица, меѓу нив криумчар…
Претседателката на Република Македонија, Гордана Сиљановска Давкова…
(Фото+видео) Кочани и денеска протестира – Ги…
Граѓаните на Кочани секојдневно во 17 часот…
Поставен транспарент „Правда за Крешник“
Транспарент на кој пишува „Правда за Крешник“,…