Повторно протест на кумановци пред зградата на УЈП
Незадоволни граѓани од Куманово, кои во изминатите години работеле за американски компании во воените бази во Ирак и Авганистан, и денеска излегоа на протест пред зградата на Управата за јавни приходи. Тие повторно побараа надлежните институции да ги земат предвид доставените докази за нивниот престој и работа во странство, како што се пасоши со гранични печати и потврди од работодавци, со цел утврдување на реалната даночна состојба.
Кумановци бараат ревизија на донесените решенија, запирање на присилната наплата и усогласување на даночната пракса со законските одредби. Како што посочија, не бегаат од плаќање даноци, но инсистираат на правична и законска примена на прописите.
Засегнатите информираа дека дел од нив веќе се обратиле до Народниот правобранител, барања до повеќе институции, меѓу кои до Управата за јавни приходи, Владата, Американската амбасада и Советот на Општина Куманово, со цел решавање на проблемот.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Повторно протест на кумановци пред зградата на…
Незадоволни граѓани од Куманово, кои во изминатите…
Владата на Мицоски ја отвори вратата за…
Владата на Мицкоски донела одлука со која…
ДСЗИ: Причината за смрт на доенчето починато…
Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ) информира…
Идната недела ќе се знае кога почнуваат…
Идната недела ќе се знае кога Сојузот…
Норвешки институт: Трамп ќе го анектира Гренланд,…
Норвешкиот институт „Фридтјоф Нансен“, кој се занимава…