Објавено на:

Повторно се активира пожарот кај Кадидере, горат и викендички!

t

Денеска во попладневните часови на бројот 112 е пријавена повторна појава на пожар на отворено во близина на локацијата Кадидере, каде што ноќеска беше изгаснат претходниот пожар.

ТППЕ Штип првично интервенирала со екипа од 3 пожарникари и едно противпожарно возило, а поради влошување на состојбата, во 15:20 часот на терен биле ангажирани вкупно 20 пожарникари и 4 противпожарни возила. Во гаснењето се вклучи и ДПД Штип со 4 возила и 12 членови.

Од пожарот се зафатени сува трева и грмушки, а поради силниот ветер тој брзо се шири на тешко пристапен терен. Од пожарот се зафатени и неколку викендички.

Поради влошување на состојбата, покрај екипите на ТППЕ Штип и ДПД Штип, повикани се и екипи од околните територијални противпожарни единици во регионот. Активиран е и авион на Дирекцијата за заштита и спасување, а преку ЕЛС е побарана дополнителна помош од соседните општини.

Пожарот добива на интензитет, а сите расположливи локални единици се ангажирани на терен во обид да се стави под контрола огнената стихија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Повторно се активира пожарот кај Кадидере, горат…

Денеска во попладневните часови на бројот 112…

Светска банка: Глобалниот раст ќе биде најслаб…

Светската банка очекува глобалната економија годинава да…

Трет месец по ред САД се најголем…

Соединетите Американски Држави и во мај ја…

Познат идентитетот на двајцата загинати и тешко…

Познат е идентитетот на двајцата загинати и…

Двајца загинати и еден тешко повреден во…

Две лица загинале а едно било тешко…