„Под Неговото око“: Во државните школи во Тексас ќе се истакнуваат Десетте Божји заповеди
Во уште еден развој кој наликува на нешто што може да се види во прочуениот дистописки роман на канадската писателка Маргарет Етвуд, „Приказната на слугинката“ (The Handmaid’s Tale), американската држава Тексас доби судска дозвола да наметне истакнување на христијанските Десет Божји заповеди во државните училишта, наспроти силните критики дека тоа претставува директно подривање на секуларниот карактер на образовниот систем, пренесува „ПБС“.
Федералниот апелациски суд одлучи дека Тексас може да наложи Десетте Божји заповеди да бидат истакнати во сите државни училишта, што се смета за значајна победа за конзервативците, кои долго време се залагаат за посилно присуство на христијанската религија во образованието.
Одлуката беше донесена со тесно мнозинство од девет спрема осум гласа во Петтиот апелациски суд на САД. Судот во Њу Орлеанс, кој е познат по своите конзервативни ставови, реши дека ова барање не ги нарушува правата на родителите или на учениците.
„Ниту едно дете не е принудено да ги рецитира заповедите, да верува во нив или да го потврдува нивното божествено потекло“, се наведува во официјалното решение на судот.
Оваа пресуда им дава дополнителен поттик на поддржувачите на слични закони во државите Арканзас и Луизијана, каде има слични иницијативи.
Противниците на истакнувањето верски симболи од една религија во државните училишта во кои учат деца од сите религии, тврдат дека поставувањето на Заповедите во училниците претставува обид за директно верско влијание врз учениците и државна индоктринација. Тие сметаат дека со ова се нарушува уставниот принцип на одвоеност на црквата од државата.
Американски сојуз за граѓански слободи (АЦЛУ) најави дека најверојатно ќе поднесе жалба до Врховниот суд на САД. Оттаму нагласуваат дека семејствата треба да го имаат исклучивото право да одлучуваат како и кога нивните деца ќе добиваат религиозно образование.
Оваа мерка не е единствената ваква во Тексас. Државата веќе презема низа чекори за вклучување на библиски содржини во образовниот систем.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
„Под Неговото око“: Во државните школи во…
Во уште еден развој кој наликува на…
Пратеници да немаат двојно државјанство – СДСМ…
Собранието ги поддржа измените на законот за…
„Политико“: Трамп состави список на „непослушни“ членки…
Белата куќа наводно составила еден вид „лош…
Пезешкијан: Повторното отворање на Ормутскиот теснец е…
Иранскиот претседател Масуд Пезешкијан ги обвини САД…
Кризата во Ормускиот теснец ескалира: Нападите врз…
Тензиите во Ормуски теснец повторно ескалираат, откако…