Подгответе се за пекол: Доаѓаат температури до 45°C на Балканот
Според најновите метеоролошки прогнози, од 5 август Балканот ќе биде зафатен од уште посилен африкански топлотен бран, кој ќе донесе екстремно високи температури во повеќе земји од регионот.
Најжешко се очекува да биде во делови од Хрватска, Србија и Босна и Херцеговина, каде што локално температурите би можеле да достигнат и до 45 степени Целзиусови.
Метеоролозите најавуваат стабилно, суво и претежно сончево време, без значителни врнежи, како последица на многу топлата воздушна маса што пристигнува од северна Африка.
Под влијание на овој топлотен бран ќе биде и Македонија. Од среда, особено во Скопската Котлина, Повардарието и југоисточните делови од земјата, дневните температури ќе надминуваат 40 степени, додека и во останатите региони ќе преовладува исклучително топло време.
Освен дневните горештини, се очекуваат и тропски ноќи, при што минималните температури во голем број градови нема да се спуштаат под 20 степени, што ќе го отежне разладувањето во текот на ноќта.
Надлежните препорачуваат граѓаните да избегнуваат подолг престој на сонце во периодот од 11 до 17 часот, редовно да внесуваат течности, да носат лесна и светла облека и да обрнат посебно внимание на децата, постарите лица и лицата со хронични заболувања.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Конечно: Следува период на стабилно и потопло…
Променливо облачно со сончеви периоди. Во источните…
Метео: Денес дожд, утре наутро температури и…
Променливо облачно со повремени локални врнежи од…
Метео: Облачно, студено и со снег!
Од УХМР јавуваат дека времето денес ќе…
Во среда локални врнежи од дожд –…
Сончево со мала до умерена локална облачност.…
Времето утре сончево со мала облачност, во…
Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), за утре…