Пожар во индустриска зона во ОАЕ по напад со дрон од иранско производство
Властите на Обединети Арапски Емирати (ОАЕ) соопштија дека во индустриската зона Фуџаира избувна пожар по „напад со дрон, произведен во Иран“.
Фуџаира е најголемото пристаниште и централно складиште за нафта во ОАЕ, кое дури и пред примирјето беше цел на напади со беспилотни летала.
Претходно, ОАЕ издадоа уште едно предупредување за ракетен напад. Тоа е второ предупредување денеска, а изминатите недели не беа издадени никакви предупредувања откако стапи на сила договорот за прекин на огнот со Иран.
Министерството за одбрана на ОАЕ соопшти дека пресретнало три ракети од Иран.
За сега нема информации за евентуални жртви.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Пожар во индустриска зона во ОАЕ по…
Властите на Обединети Арапски Емирати (ОАЕ) соопштија…
Директен судир меѓу САД и Иран: Борбени…
Американската и иранската војска размениле оган во…
Безбедносни мерки во училиштата: наставници со дежурства…
Во основните и средните училишта низ земјава…
Муцунски: Во тек разговори со земји членки…
Земјите од регионот, заедно со Европската Унија…
Приведени 8 лица, меѓу нив и малолетници:…
На 03.05.2026 во 22:20 часот во Скопје,…