Пожар во хотел во Будимпешта: Има загинати и тешко повредени
Утрово избувна пожар во Будакеши, во близина на Будимпешта.
Пламените целосно го зафатија покривот на двокатната зграда – хотел на улицата Зичи Петер – и се верува дека причина за пожарот е експлозија на плинска боца.
Пожарникарите евакуираа неколку луѓе во утринските часови и пронајдоа три тела, двајца мажи и една жена, во урнатините.
Пожарот ја изгоре целата кровна конструкција на двокатната зграда, а според досегашните информации, повредени се околу 20 лица.
Градоначалничката на Будакеши, Отилија Ѓер, објави на Фејсбук дека има смртни случаи и тешки повреди. Според неа, покривот на хотелот се запалил во текот на ноќта.
На 22 лица им е укажана помош – четворица се во животно-загрозувачка состојба, тројца се во сериозна состојба, а 15 се здобиле со полесни повреди. Повредените се однесени во осум болници во Будимпешта.
Се верува дека пожарот започнал околу 2:15 часот наутро поради експлозија на плинска боца.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Пожар во хотел во Будимпешта: Има загинати…
Утрово избувна пожар во Будакеши, во близина…
Сопругот на косовската претседателка предлага изградба на…
Сопругот на претседателката на Косово, Приндон Садриу,…
Во Будимпешта откриен зачуван римски саркофаг стар…
Во главниот град на Унгарија е откриен…
Лавров: Сe уште сме подготвени да одржиме…
Москва се уште е подготвена за руско-американскиот…
Зеленски: Подготвен сум да им се придружам…
Украинскиот претседател вели дека е подготвен да…