Пожарот во Охрид изгаснат, избегната поголема штета
Територијалната противпожарна единица (ТППЕ) Охрид денеска интервенираше при пожар на отворен простор во населбата „Гоце Делчев“ (Бараки), каде што гореле деградирана шума и сува трева.
Во гаснењето на пожарот биле ангажирани четири противпожарни возила и 17 пожарникари.
Од ТППЕ Охрид информираат дека, поради силниот ветер, постоела реална опасност огнот да се прошири до блиските станбени објекти, но благодарение на навремената интервенција на пожарникарите, како и на помошта од месното население и доброволците, биле избегнати поголеми материјални штети.
Од охридската противпожарна единица упатија апел до граѓаните да се однесуваат совесно и одговорно, а до надлежните институции да преземат мерки за пронаоѓање и санкционирање на сторителите доколку пожарот е предизвикан од човечки фактор.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Пожарот во Охрид изгаснат, избегната поголема штета
Територијалната противпожарна единица (ТППЕ) Охрид денеска интервенираше…
Уапсен тинејџер во Лондон, планирал напади на…
Четиринаесетгодишно момче е обвинето за тероризам под…
Иран погуби маж за палење владина зграда…
Иран погуби маж осуден за палење на…
Ќе се запази рокот за автопатот Кичево-Охрид,…
Рокот за завршување на автопатот Кичево-Охрид во…
Зеленски го објави планот за иднината на…
Украинскиот претседател Володимир Зеленски, по повод Денот…