Објавено на:

Позната причината за смртта на папата

t

Папата Франциско почина од мозочен удар и последователна неповратна срцева слабост, соопшти Ватикан во официјалното соопштение. Во потврдата, објавена од Ватикан, се наведува дека папата паднал во кома пред смртта.

Папата Франциско почина околу 90 минути откако утрово го разбудил будилникот, јавија италијанските медиуми. Тој наводно се разбудил кога алармот му се вклучил во 6 часот, му се слошило во 7 часот наутро, а починал од мозочен удар во 7:35 часот, пишува „Кориере дела Сера“. Лекарите претходно објавија дека тој „починал мирно“.

Папата Франциско со години се бореше со хронична белодробна болест, а како млад му беше отстранет дел од едното белодробно крило.

Последните години од животот го придружуваа здравствени проблеми. Тој беше примен во болницата Гемели на 14 февруари поради сериозни проблеми со дишењето, кои прераснаа во билатерална пневмонија. Поради ова, тој помина 38 дена на лекување. И покрај тешката здравствена состојба, Папата се појави на плоштадот Свети Петар во неделата на Велигден, само ден пред неговата смрт, за да благослови илјадници насобрани верници.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Босна и Херцеговина привремено ги затвора амбасадите…

Заедничките институции на БиХ започнаа подготовки за…

Одморалиштето на Пониква утре ќе прими пациенти…

Одморалиштето на Пониква утре ќе прими пациенти…

Рокас без предвидување за извештајот на ЕП:…

Евроамбасадорот Михалис Рокас рече дека не може…

Просечната нето плата во април 45.452 денари

Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во…

Констатирани неправилности, Обвинители намерно и неоправдано направиле…

Комисијата за утврдување на дисциплинска одговорност на…