Објавено на:

„Политико“: Трамп со покажувањето на супермоќ во Венецуела задава понижувачки удар врз Русија

t

Операцијата „Молња“ со која САД за помалку од 30 минути го уапсија венецуелскиот претседател Николас Мадуро е симболичен, но и смртоносен удар по Владимир Путин и неговата доктрина за „мултиполарен свет“, анализира „Политико“. Според написот, она што рускиот лидер го градел со години, сојуз на авторитарни држави против Западот, се распаднало во еден час.

Потегот на Доналд Трамп одекнал низ светот како гром. Вашнингтон го уапси човекот кој повеќе од две децении беше лице на венецуелскиот социјализам.

Кремљ под шок и љубомора

Понижувањето, како што тврдат аналитичарите, не било само во тоа што Русија не помогнала на својот стар сојузник. Било во фактот што Трамп успеал да направи токму она што Путин не можел — брза, решителна и успешна интервенција.

Политичкиот аналитичар Абас Гаљамов изјавил за „Политико“:

– Она што Путин вети дека ќе го направи во Украина, Трамп го направи за половина час во Венецуела.

Националистичкиот блогер Игор Гиркин, од затворската колонија, напишал на Телеграм дека Русија доживеала „уште еден удар по својот имиџ“. Дури и идеологот Александар Дугин признал дека „целата Русија се прашува зошто Кремљ не постапува исто кон своите непријатели“.

Русија, сојузник на хартија

Со години Москва се претставувала како заштитник на држави од Латинска Америка до Блискиот Исток, се вели во текстот на „Политико“. Но, последните настани откриле дека кога тие земји ќе побараат помош, Русија е отсутна.

Според анализарата, Ерменија го почувствувала тоа во 2023 година, кога Азербејџан го презел Нагорно-Карабах без руска интервенција. Слично сценарио се повторило и во Сирија, каде падот на режимот на Башар ал-Асад означил крај на руското влијание на Медитеранот.

Во Иран, според аналитичарите, Москва останала нем набљудувач кога израелските и американските сили ги уништиле нуклеарните постројки.

Загубени милијарди и престиж

Од 1999 година, Русија вложи над 20 милијарди долари во Венецуела – кредити, оружје, нафтени договори. Денес сè е под знак прашалник.
Мадуро, наместо во Москва, завршил пред американски суд во Њујорк, облечен во затворска униформа.

Руските власти официјално ја осудија американската интервенција. Сенаторот Алексeј Пушков рекол дека Трамп го враќа „дивјачкиот империјализам од 19 век“, но меѓународната сцена реагирала рамнодушно.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

„Политико“: Трамп со покажувањето на супермоќ во…

Операцијата „Молња“ со која САД за помалку…

Украина и Молдавија влегоа во ЕУ роаминг…

Новата година означи важен чекор во постепената…

Полициска потрага во кипарскиот град Лимасол по…

За време на прославата на Богојавление и…

Украдено оружје од ЈП „Паркови и зеленило“

Вчера во 9 часот наутро во СВР…

Сиљановска-Давкова: Божиќните празници ќе ја зацврстат нашата…

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, по повод големиот христијански…