Објавено на:

Политички земјотрес во Косово: Една одлука ја урна целата институционална сцена и ја отвори вратата за нови избори!

t

Косово влегува во нова политичка неизвесност откако претседателката Вјоса Османи потпиша указ со кој се распушта парламентот, отворајќи го патот за одржување вонредни избори.

До ваквиот чекор дојде по драматичниот развој на настаните во Собранието, каде што пратениците не успеаја да изберат претседател на државата пред истекот на уставниот рок. Според Османи, политичките претставници имале можност да ја избегнат оваа ситуација, но со своите постапки го довеле Косово до нов изборен процес.

Таа нагласи дека одлуката за распуштање на парламентот е резултат на институционалниот ќорсокак и најави дека во текот на денот ќе започне консултации со лидерите на парламентарните партии. Целта на разговорите ќе биде утврдување датум за одржување на вонредните парламентарни избори.

Кризата кулминираше на вонредната седница што се одржа само неколку часа пред истекот на рокот за избор на претседател. Поради недостиг на кворум, изборниот процес беше прекинат. Во салата беа присутни 66 пратеници од владејачката коалиција, додека претставниците на опозицијата не присуствуваа.

Според правилата, за избор на претседател потребни се најмалку 80 гласа во првите два круга, а 61 глас во третиот. Без доволен број пратеници, гласањето не можеше да продолжи.

Претходно, беше одржана и седница на која се разгледуваа уставни измени предложени од Османи, со кои се предвидуваше претседателот во иднина да се избира директно на избори. Но и таа седница беше прекината поради недостиг на кворум.

По прекинот на заседанијата, претседателката на Собранието, Аљбулена Хаџију, се обрати до Уставниот суд со барање за привремено суспендирање на уставниот рок за избор на претседател. Косово сега се соочува со нов политички циклус кој би можел значително да ја промени политичката сцена во земјата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Политички земјотрес во Косово: Една одлука ја…

Косово влегува во нова политичка неизвесност откако…

Христодулидес: Кога би било можно, Кипар би…

Кипар повторно ги интензивира подготовките за можно…

Белата куќа ја релативизира наводната руска помош…

Белата куќа се обиде да ја намали…

Трамп: Иран не мора да биде демократија

Претседателот на САД, Доналд Трамп, изјави за…

Германија повлекува дополнителни сили од Блискиот Исток…

Германија повлекува дополнителни сили на Бундесверот од…