Полицаец и доставувач земале пари за да „средат“ ослободителна пресуда
Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК) отвори истрага против двајца вработени во Основниот кривичен суд Скопје. Станува збор за судски полицаец и доставувач, кои се сомничат дека примале мито лажно ветувајќи дека ќе издејствуваат ослободителна пресуда преку свои врски во повисоките судови.
Ветувале влијание во Апелација и Врховниот суд Според истрагата, во периодот од август 2025 до 7 април 2026 година, осомничените зеле вкупно 500 евра и дополнителни 60,000 денари од лице кое претходно било осудено на една година затвор. Лицето, кое во постапката има својство на сведок, поднело жалба на првостепената пресуда и барало начин да се спаси од затвор.
Случајот се одвивал според следната шема:
Сведокот преку свој сосед стапил во контакт со доставувачот во судот, кој потоа го поврзал со судскиот полицаец.
Полицаецот се претставил како влијателно лице кое долги години работи во судот и има директни контакти со судии од сите степени.
Убеден во неговата моќ, сведокот во 2025 година му предал 500 евра на доставувачот, пари кои преку полицаецот требало да завршат кај судија од Апелациониот суд во Скопје за донесување ослободителна пресуда.
Во текот на 2026 година, сведокот му исплатил уште 30.000 денари на полицаецот како лична награда за посредувањето.
Апелација ја потврдила казната, тие барале пари и за Врховен
И покрај дадените пари, планот не успеал – Апелациониот суд ја потврдил затворската казна. Откако сведокот преку својот адвокат поднел вонреден правен лек до Врховниот суд, изнудувањето продолжило.
На 7 април годинава, сведокот му исплатил нови 30.000 денари на судскиот полицаец за наводно посредување и ургирање пред врховните судии.
Притвор за полицаецот, куќен притвор за доставувачот
По поднесениот предлог од јавниот обвинител, судијата на претходна постапка делумно ги прифати барањата за обезбедување присуство на осомничените:
На судскиот полицаец му е одредена мерка ефективен притвор во траење од 30 дена.
На доставувачот му е одредена поблага мерка – куќен притвор.
Од ОЈО ГОКК информираат дека се незадоволни од одлуката судијата да му одреди само куќен притвор на доставувачот, поради што надлежниот обвинител веќе поднел жалба.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Полицаец и доставувач земале пари за да…
Основното јавно обвинителство за гонење на организиран…
Очекувајте чекање од најмалку 10 часа на…
Додека летната сезона чука на врата, македонските…
Клиниката за пластична хирургија: Ако сте примиле…
Клиниката за пластична и реконструктивна хирургија препорачува…
Вучиќ: Пицула е кретен кој зборува често,…
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ имаше свој…
Дурмиши бара извинување од Тирана за навредите…
Министерот за економија и труд од редовите…