Полицијата пронајде 39 нерегистрирани работници од Албанија во градежна фирма во Брвеница
Вчера во периодот од 12:00 до 18:30 часот, полициски службеници од СВР Тетово во содејство со Државен инспекторат за труд, Државен пазарен инспекторат и инспектори од Одделението за прекуграничен криминал, миграција, странци и реадмисија- Тетово, извршија акциска контрола во с.Стенче, општина Брвеница, каде правно лице, сопственост на Е.З.М. од Тетово, изведувало градежни активности.
Притоа, на местото при извршување работни задачи се затекнати 39 работници од Албанија на возраст од 20 до 65 години. Тие се приведени затоа што е констатирано дека не биле пријавени како работници односно го злоупотребиле туристичкиот престој и престојувале спротивно на целта. Лицата се задржани во полициска станица и по целосно документирање на случајот, ќе следуваат соодветни пријави за нив и за сопственичката на правното лице.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Полицијата пронајде 39 нерегистрирани работници од Албанија…
Вчера во периодот од 12:00 до 18:30…
Судот го забрани штрајкот на контролорите на…
Судот го забрани штрајкот на контролорите на…
Лекарска комора: Етичката комисија го осудува д-р…
Комисијата за етички и правни прашања при…
МРТ: Поради сериозен технички проблем вчера не…
Поради сериозен технички проблем МРТВ вчера не…
Мерц предлага заем од 140 милијарди евра…
Германскиот канцелар Фридрих Мерц најави дека на…