Полска преговара со САД за отворање постојани американски воени бази
Полска води разговори со Соединетите Американски Држави за отворање постојани американски воени бази на својата територија, изјави заменик-министерот за одбрана Павел Залевски, кој ги предводи преговорите.
Во моментов во Полска се распоредени околу 10.000 американски војници – главно на ротациска основа. Според Залевски, Варшава и Вашингтон веќе разменуваат предлози за постепена трансформација на постојните бази во трајни воени објекти.
Разговорите се одвиваат во време кога САД ја преиспитуваат својата воена присутност во Европа и бараат европските сојузници да преземат поголема одговорност за сопствената одбрана.
Полска, која е една од клучните членки на НАТО на источното крило на Алијансата, издвојува околу пет проценти од БДП за одбраната и вложува милијарди евра во модернизација на вооружените сили, претежно преку набавка на американско оружје.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Полска преговара со САД за отворање постојани…
Полска води разговори со Соединетите Американски Држави…
Зеленски: Русија изгуби над 30.000 војници во…
Володимир Зеленски денеска изјави дека украинските сили…
Цените во рестораните стануваат сѐ поскапи: За…
Сѐ поскап станува ручекот, кафето и пијалокот…
Скопјанец среде бел ден нападнат и ограбен…
Вчера во 19:25 часот во СВР Скопје,…
Пентагон ги повлече јавните извештаи за тестирањето…
Пентагон го ограничи јавниот пристап до некласифицираните…