Објавено на:

Попладнево продолжуваат блокадите на граничниот премин Евзони

t

Во периодот од 17 до 21 часот по македонско, односно од 18 до 22 часа по грчко време, по пауза од три дена поради празниците, грчките  земјоделци повторно ќе го блокираат граничниот премин Евзони кон нашата земја за влез и излез од Грција за сите видови возила – јави дописничката на МИА од Атина.

Земјоделците од северна Грција, кои од 1 декември поставија блокада на Евзони, претпладнево одржаа протест низ градот Килкис (Кукуш) и стигнаа до политичката канцеларија на потпретседателот на Парламентот и пратеник од Нова демократија Јоргос Георгадас.

Откако Георгадас одбил да слезе пред објектот за да се сретне со нив, а земјоделците одбиле нивни претставници да ја посетат канцеларијата, фрлија сено и памук пред зградата.

Потоа, се вратија на граничниот премин каде што се паркирани тракторите и најавија нова блокада на Евзони во попладневните часови.

Земјоделците низ цела Грција од денеска повторно започнаа со постепени блокади, додека пак утре напладне кај патарините Малгара во близина на Солун ќе се одржи состанок на кој ќе присуствуваат претставници од сите блокови низ земјата и ќе се одредат следните чекори.

Според најавите, се очекува да биде донесена одлука, не само за продолжување на протестите и блокадите, туку и за интензивирање, а не е исклучена можноста да закажат и протест со тракторите во Атина.

Протестите на земјоделците траат над еден месец, започнаа на 30 ноември, поради зголемените трошоци за производство и ниските цени за продажба на нивните производи, поради скандалот со европските земјоделски субвенции, а главното барање е исплатата на заостанатите субвенции.

Во периодот околу Божиќ и сега пред и по Нова година, земјоделците привремено ги тргнаа блокадите за да го олеснат патувањето на граѓаните за време на празниците.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Грција меѓу омилените дестинации за одмор на…

Жителите на ЕУ во 2024 година направиле…

Брод со мигранти потона во Грција, еден…

Едно лице загина, а тројца се водат…

Граничниот премин Евзони повторно затворен поради протести…

Граничниот премин Евзони меѓу Северна Македонија и…

Пожар во центарот на Атина: Две лица…

Двајца мажи беа пронајдени мртви во стан…