Попов: Покрај јавниот, намален и државниот долг за над 40 милиони евра кој сега е 51,7% од БДП

t

Државниот долг заклучно со 30 јуни 2026 година изнесува 9,432 милијарди евра или 51,7 проценти од БДП, што претставува намалување од 41 милион евра во споредба со претходниот месец, истакна пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Сергеј Попов, на денешната прес-конференција.

Според Попов, покрај намалувањето на јавниот долг во вториот квартал од годинава, забележано е и намалување на државниот долг за 0,2 процентни поени од БДП на месечно ниво.

„Ова ниво на државен долг е едно од најниските во подолг временски период и покажува дека во државата има власт која не ги трупа обврските, туку редовно и навремено ги сервисира“, изјави Попов.

Тој оцени дека економските показатели се резултат на, како што рече, интензивната работа на Владата, домаќинското работење и политиките насочени кон економски развој и подобрување на животниот стандард.

Попов нагласи дека, според него, по преземањето на власта од страна на ВМРО-ДПМНЕ бил саниран економскиот пустош преку инвестиции и реализација на капитални проекти.

Воедно посочи дека БДП бележи позитивен раст од три или над три проценти седум квартали по ред, додека инфлацијата, според неговите зборови, се одржува под контрола и изнесува 3,4 проценти, што ја вбројува меѓу најниските во регионот.

Тој додаде дека Владата ќе продолжи со политики насочени кон стабилизирање на јавните финансии и поттикнување на економскиот развој со цел подобрување на животниот стандард на граѓаните.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Попов: Покрај јавниот, намален и државниот долг…

Државниот долг заклучно со 30 јуни 2026…

Најбрзорастечките економии во Европа во вториот квартал…

Економијата на еврозоната оствари подобри од очекуваните…

Усвоен Ребалансот на Буџетот, проектиран раст на…

Собранието денеска го усвои Дополнетиот ребаланс на…

Мицкоски: Како Влада почнавме од нула, а…

„Поминавме безмалку две години. Покажавме дека со…

Вучиќ: Србија е на прво место во…

Србија е прва во Европа по стапката…