Популацијата на елени во НП „Галичица“ порасна од 30 на над 200 единки

t

Репродуктивниот центар за елени во Националниот парк Галичица бележи рекорден успех во заштитата и обновувањето на овој вид. Од неговото основање во 2019 година, кога биле регистрирани само 30 единки, популацијата денес брои над 200 елени.

Од Националниот парк споделија фотографии на кои се гледа секојдневната посветена работа на ренџерската служба. Ренџерот Лазе, заедно со неговите помошници Јане и Кире, секојдневно се на терен за да обезбедат свежа храна и вода, како и редовни контроли на теренот.

„Целта на овој центар е активно управување со високопланинските пасишта и долгорочно зачувување на биолошката разновидност во паркот,“ велат од НП Галичица, нагласувајќи дека ваквиот пристап придонесува за здрави екосистеми и рамнотежа во природата.

Покрај постојаното физичко присуство на ренџерите, безбедноста на елените е загарантирана и со софистициран систем за видео-надзор. Камерите овозможуваат непосредна заштита од ловџии и навремена реакција на службите во секое време.

Од Националниот парк упатија благодраност до јавноста за грижата и интерецот за елените.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Популацијата на елени во НП „Галичица“ порасна…

Репродуктивниот центар за елени во Националниот парк…

Спасен турски параглајдерист на Галичица, вистинско чудо…

Параглајдерист од Турција, вчера попладне принудно слетал…

Активни два пожари на Галичица и на…

Во последното деноноќие биле изгаснати 21 пожар,…

Пожарот на Галичица е ставен под контрола…

Пожарот на Галичица е ставен под контрола…

Со три авиони и хеликоптер се интервенира…

Пожарот што веќе единаесетти ден е активен…