Поради целодневен штрајк во „Луфтханза“ откажани стотици летови низ Германија
Пилотите и кабинскиот персонал на германската авиокомпанија „Луфтханза“ во Германија денеска стапија во целодневен штрајк.
Прекинот на работата е резултат на конфликт со синдикатите околу напорите на авиокомпанијата да ги намали трошоците и да ја зголеми профитабилноста. Иако точниот број на засегнати летови не е објавен, компанијата објави „бројни откажувања“, а нормализација на сообраќајот не се очекува пред петок, пренесе „Дојче веле“.
Авиокомпанијата ги повика патниците да го проверат статусот на своите летови и понуди бесплатна замена на авионски карти со железнички билети. Дел од летовите од поголемите аеродроми во Франкфурт и Берлин сепак ќе се реализираат.
Штрајкот го организира синдикатот на пилоти ВЦ, кој бара зголемување на уплатите во пензиските фондови. Одделно, синдикатот на кабинскиот персонал УФО стапи во штрајк поради најава за гасење на операциите на „Сити лајн“, подружница на „Луфтханза“ за кратки летови, и одбивање на компанијата да преговара за социјален план.
„Луфтханза“ одговори дека нема финансиски капацитет за дополнителни трошоци и ги оцени барањата како претерани.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Јавниот превоз во Германија парализиран поради штрајк
Јавниот превоз во Германија е во голема…
Голем штрајк денеска во Германија: Јавниот превоз…
Денеска, понеделник 2 февруари, Германија е зафатена…
Пред 81 година во најстарата гимназија во…
Основана пред 169 години во 1857 година,…
Германските гиганти ја заобиколија Македонија: БМВ, Мерцедес,…
Егзодус на германските компании: BMW, Henkel и…
Германија нуди еден милион евра за инфромации…
Федералната влада во Германија нуди награда од…