Поранешниот директор на Фондот за здравство стана десна рака на Али Ахмети
Исклучително важната позиција во хиерархијата на ДУИ, шеф на кабинетот на лидерот Али Ахмети, му е доделена на поранешниот директор на Фондот за здравство, Фатон Ахмети.
Тоа е една од поважните одлуки на денешната седница на Претседателството на ДУИ на која продолжија промените во врвот на партијата. За портпарол на партијата е именувана поранешната пратеничка, Арта Биљали-Зендели. Таа е и еден од потпретседателите на партијата.
„Советник на претседателот Ахмети за односи со Соединетите Американски Држави ќе биде Шемседин Бекири. Именувани се и претседатели на ограноците на ДУИ. За Тетово е именуван Бајрам Реџепи, за Куманово Ридван Асани, за Струга Фатон Положани, за Гостивар Валдет Џафери и за огранокот во Чаир, Бујар Османи“, изјави по седницата Биљали-Зендели.
Таа не даде коментар за изјавите од министерот за надворешни работи и потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ Тимчо Муцунски и на лидерот на СДСМ Венко Филипче за тврдењето на Али Ахмети „дека ја растурил Југославија“.
„Јас би претпочитала да ги оставам тие одговори и реакции на Муцунски и Филипче на нив, не би сакала да коментирам“, рече Биљали-Зендели.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Поранешниот директор на Фондот за здравство стана…
Исклучително важната позиција во хиерархијата на ДУИ,…
Директорот на АХВ најавува изградба на кафилерија…
Интензивно се работи на изградба на кафилерија…
Судиите и обвинителите повторно бараат повисоки плати…
Судиите и јавните обвинители со уште еден…
Предупредување за таен руски план: Ќе го…
Вадефул додаде дека Европа треба да остане…
Заштитниот саркофаг на нуклеарната централа Чернобил можеби…
Заштитниот саркофаг над уништениот реактор на нуклеарната…